Велика Британија ќе ја прогласи паравоената „Вагнер“ за терористичка организација
Руската платеничка група Вагнер , ќе биде забранета и прогласена за терористичка организација од британската влада – што значи дека ќе биде нелегално да се биде член или да се поддржува организацијата.
Нацрт-одредбата што ќе биде поставена во Парламентот ќе овозможи имотото на оваа воена компанија да се категоризира како терористички имот и да биде запленет.
Според Секретарот за внатрешни безбедност Суела Браверман однесувањето на припадниците на „Вагнер“ било „насилно и деструктивно, и во функција на воено орудие на Русија на Владимир Путин“.
Таа оцени и дека делувањето на „Вагнер“ во Украина и на африканскиот континент преставува „закана за глобалната безбедност“.
„Континуираните дестабилизирачки активности на Вагнер само продолжуваат да им служат на политичките цели на Кремљ“, соопшти британскиот секретар за внатрешни работи.
Владата во Лондон смета дека припадниците на Вагнер се обични терористи и во склад со законите тие треба да бидат означени како забранета организација, додаде Браверман.
Руската приватна воена компанија „Вагнер“ одигра клучна улога во руската инвазија на Украина, како и во дејствувањето во Сирија и земјите во Африка, вклучувајќи ги Либија и Мали.
Нејзините борци се обвинети за голем број злосторства, вклучително и убивање и мачење украински граѓани, пишува ББС.