Василевска: Овие избори се шанса да се покаже незадоволството на граѓаните од сегашната извршна власт

Во вечерашното Отворено студио на Алфа, гостуваат Иванка Василевска и Алберт Муслиу, кои говореа на теми околу претседателски избори.

На прашањето по што се разликува оваа кампања од другите Василевска посочи дека оваа кампања е од историско значење за граѓаните на државата, бидејќи со победата на најдобриот кандидат, а не на најполнетиот, како што вели таа, ќе имаме сосема поинаква состојба во државата.

Овој процес е особено значаен, сега зборувам и од аспект на опозициска партија, овие избори ќе покажат колку граѓаните се задоволни од извршната власт и колкав е бројот на незадоволни и дали имаме простор, како што кажа и премиерот Зоран Заев, да побараме легитимно, да се распишат предвремени парламентарни избори. Избори во кои ќе излеземе на мегдан, ние како ново раководство, освежена политичка структура и да дадеме нова понуда на граѓаните со која ќе се обидеме да ги поправиме оние работи кои се расипаа, истакна Василевска.

Василевска ги анализираше тројцата кандидати за претседател, таа вели дека тоа се квалитетни кандидати кои доаѓаат од академската заедница.

Политичките елити конечно разбраа дека да се биде академец не е само титула , туку носи и друга тежина, вели таа.