Вартоломеј: Историска одлука за автокефалноста на МПА-ОА

Радосен настан е признавањето на автокефалноста на македонската црква од страна на српската. Руската православна црква го поздравува помирувањето, кое, како што велат се чекало со години. Ова ќе биде тема и на наредниот состанок на Светиот синод на РПЦ.

– Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС.

Одлуката на СПЦ да и одобри автокфеалност на МПЦ-ОА е историска, смета и вселенскиот патријарх Вартоломеј кој себе си препиша најголем дел од заслугата за помирувањето.

-Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија… Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, вели вселенскиот Патријарх.

Високи црковни извори за Алфа уште минатата недела открија дека автокефалноста е веќе договорена работа, а за неа, во тајност, се преговарало подолго време.

Првиот чекор беше одобрувањето на канонско единство од вселенскиот патријарх, а потоа следеа заедничките литургии на МПЦ и СПЦ.

Додека се чекаше и конечната одлука, македонската јавност беше скептична дека е можно да биде надминат пет и пол деценискиот спор, особено не во наша полза. Имаше изјави дека воспоставувањето канонско единство со СПЦ, не враќа назад наместо чекор напред.

Од друга страна, објавата на вселенскиот патријарх беше поздравена од државно – политичкиот врв. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повика на трпеливост и обединување на сите православни верници околу МПЦ – ОА за да не се дозволи влијание на надворешни фактори.

Вербата и чекањето вродија со плод, беше објавена радосната вест.

Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност“ рече поглаварот на СПЦ, Порфириј.

Останува да се решат уште техничко – организациските работи, по што ќе следи издавањето на Томосот за автокефалност со кој МПЦ-ОА рамноправно ќе се смести во семејството на сите православни цркви.

Познавачите на црковните прашања и во Македонија и во Србија не гледаат некои поголеми пречки на патот, очекуваат останатите православни цркви да го следат примерот на српската и да воспостават канонско единство со македонската.

Сега треба да се уредат тие односи помеѓу српската и македонската црква. Од сега, тие се засебни цркви, автокефалните, пред сега тоа е прашање на имотот, на досегашниот канонски статус на Охриската Архиепископија која досега беше во врска со СПЦ, која им даде Томос во 2003 година за време на патријархот Павле. Прашањето околу имотот, и тоа мора да се реши, и сите други односи бидејќи од овој момент, МПЦ ќе делува самостојно, сама ќе ги бира поглаварите и сите останати епископи вели во изјава за Танјуг, Јован Јањиќ, српски експерт за црковното прашање.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се бореше за автокефалност односно за еднаков статус со останатите православни цркви 55 години. Аманетот оставен од претходниците се исполнува од актуелниот Синод предводен од архиепископот г. г. Стефан.

Викторија Миткова