Вардар го доби противникот во Келн: Барселона стои на патот до финалето

Исто како и пред две години кога Вардар стана европски шампион противник во полуфиналниот натпревар во Келн ќе биде Барселона.

Вардар ќе игра во полуфиналниот меч број 1 во своето трето по ред учество на завршниот турнир во Келн.

Другиот полуфинален меч ќе играат Виве Киелце против Веспрем.

Инаку, Вардар пред две години со голот во последните секунди од натпреварот на Лука Циндриќ, успеа да победи минимално против Барселона и да се пласира во финалето во Келн, каде подоцна со уште една минимална победа исто така во последните моменти од мечот против ПСЖ успеа да стигне до титулата во Лигата на шампионите.