Вака изгледа кога ќе уновчите биткоини на банкомат (видео)

Случајните патници на железничката станица во Лондон биле сведоци на една бизарна и донекаде интересна сцена.

Имено, маж на средни години столе покрај банкомат пред кој стоела спортска торба и со насмевка на лице гледал како банкоматот ја преполнува торбата со банкноти.

Банкнотите биле во толку голем број што летале и околу торбата во која требало да паѓаат, целиот тој настан привлекол големо внимание па така чуварот вработен во самата железничка морал да ги спречува луѓето да не ги соберат „одлетаните“ пари.

По се на видеото снимено од страна на случаен минувач се приметува дека на човекот не му сметаат околнитре луѓе. Впрочем што се неколку банкноти од 20 фунти, кога во вреќата се проценува дека имало десетици илјади фунти?!

Човекот едноставно ги уновчил неговите биткоини на банкомат кој конвертира криптовалути. Како што објасниле за „Daily Mail“ од полската компанија, која е сопственик на банкоматот, банкоматот може да обработи и да исплати големи количини, но е полнет со банкноти од мала вредност.

Некои луѓе на интернет искажале сомневање во врска со самото видеото па истакнале дека се сомневаат дека во прашање е изведба која сака да го промовира тргувањето со криптовалути.

Во продолжение погледнете како се одвивал овој настан: