Бујар Османи сака да се сретне со македонските Бугари

Емпатичноста на првиот дипломат на дело – Бујар Османи сака да се сретне со македонските Бугари кои се чувствувале дискриминирано во Македонија .
Откако Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски појдоа во Брисел да се пожалат на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи дека наводно не биле добро третирани во Македонија и немало дијалог со македонските власти, Османи побарал средба со претставниците на македонските Бугари, објавија бугарските медиуми.
Побаравме потврда за ова од македонското министерство за надворешни работи , од каде не посочија на реакцијата од Османи кога Колев, Трендафилов и Георгиевски заминаа во Брисел на средба со Вархеи. Тогаш Министерот кажа дека му било жал што некој се чувствувал дискриминиран во Македонија, а очекувал средбата да биде со него.
Останува таа можност постојано, но овие денови имаше влошување на таа комуникација со Бугарија и чекам да спласнат емоциите за да може да се продолжи со нормалната агенда која што државата ја има кон своите граѓани и државјани. , категоричен беше Османи.
Инаку за два дена истекува рокот во кој бугарските здруженија треба да ги преименуваат имињата на клубовите „ Цар Борис 3 “ во Охрид и „ Ванчо Михаилов“ во Битола , согласно измените на Законот за здруженија и фондации.
Досега нема никакви најави дали тоа ќе се случи, а македонските институции не кажуваат што ќе преземат.
Во меѓувреме најава за уште нови 20 културни клубови во Македонија, Бугарскиот бизнисмен и финансиер на клубовите Милен Врабески вели дека се работи на тоа. На сличен став е и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, кој упати порака дека морало да направиме се за клубовите да функционираат.
Кристина Алексиеска