Бугарско здружение „Цар Борис 3“ во Охрид било легистрирано во ноември 2021

Како поколоници на ликот и делото на бугарскиот цар Борис III основавме здружение во Охрид кое го носи неговото име, а целта ни е да ја негуваме бугарската култура во Македонија-вели претседателот на здружението Томе Блажески.Тој не сакаше да зборува пред камера и иако одбегна да одговори колкава е нивата бројност, тврди дека имаат големо членство. Дел од нас имаат двојно државјанство и македонско и бугарско, некои се декларираат исклучиво како бугари, а некои како македонци но сите заедно имаме иста идеологоја, вели Блажески.Го прашавме зошто токму е избран  Охрид како град во кој ќе ја шират бугарската култура, а зошто да не вели, бугарскиот цар Борис III ја ослободи Македонија од српско ропство и кога може други националности да имаат разни здруженија, можеме и ние.

На фејсбук страната на здружението стои дека тоа се наоѓа некаде на Булеварот Туристичка, но во Централниот регистар е наведено дека истото е регистрирано во ноември 2021-ва со седиште во месноста Воска,тоа е оваа улица,но тука нема е лоцирано здружението,бидејќи не најдовме ништо.Претседателот на здружението тврди дека немаат седиште.

На нивната фејсбук страна на 14-ти јули пишува дека извесно патриотско семејство од Софија на здружението во Охрид му донирало 500 книги, Блажески вели дека книгите со различна содржина на бугарски јазик им ги поклонувале на луѓето кои изразиле желба да ги имаат. Мештаните каде шрро наводно се наоѓа здружението, не одбегнуваа,посмелите ги прашавме дали сретнале бугарски активисти ?

Имаше таму во стан од една зграда бугарско знаме но полицијата бараше да го тргнат.Човекот им рече ако можат од другите националности конкретно албанците да ги веат зошто не и ние. Од Охрид беше човекот?Не бугарин.Дали сте виделе да делат бугарска литература? Не,но сум слушнал дека има такво нешто вели еден жител на Воска.

Претседателот на здружението Цар Борис III дирекно го прашаваме дали неговото делување не е газење врз македонштината и како се чувстува како бугарин или македонец ?Јас ја почитувам македонската нација вели,но сум бугарин од Македонија. Тврди дека здужението го финасирало членството но и дека имаат донации и од Бугарија. Додава дека немаат намера дружението да го шират и во другите градови,но истакнува како што вели дека се стари пријатели со членивите од другите бугарски здруженија во Македонија.Ние со бугарите вели зборуваме на ист јазик, само дијалектот ни е различен.Тој отворено кажува дека во Македонија доаѓаат делегации, поклоници од Бугарија кои ги посетувале гробиштата на бугарските војводи. Ни кажа и дека гостувал во неколку наврати во бугарските медиуми.

Росица Голабоска