Бугарското МНР ќе бара во Прилеп и Кавадарци да се отвоат гласачки места за престојните избори на 2-ри Април

„Во Прилеп и Кавадарци да се отворат избирачки места за престојните избори кои на 2-ри април треба да се одржат во Бугарија, му предложил на бугарското МНР, бугарскиот конзул во Битола. Според известувачот на БГНЕС, Работната група „Избори“ при Министерството и’ предлага на ЦИК за изборите на 2-ри април да не се отвораат гласачки места во одморалиштата во Грција и Турција, бидејќи не се очекувало таму да има бугарски гласачи на денот на гласањето. Наместо тоа, се предлага да има секции во Република Македонија, поточно во градовите Прилеп и Кавадарци?!

Дали е ова уште една во низата бугарски провокации ако се знае дека на пример во Прилеп има регистрирано само едно бугарско здружение кое брои едвај неколку членови и кое за своето деветмесечно постоење не бележи никаква посериозна активност ?! Негов претседател е прилепчанецот Зоран Мрсески, кој своето Здружение на Бугарите „Југ“ во Централниот регистар го регистрирал лани во мај, со седиште на улицата „Максим Горки“ бр. 126, каде живеат неговите родители, но не и тој самиот. Кон крајот на минатата година, во разговор за Алфа, тој ни откри дека бил прилепчанец, кој себе си се чувствува како Бугарин од Македонија. И бидејќи во Прилеп имало многу Бугари, а кои поради свои лични причини и мислења, не го искажувале својот став за етничката припадност, одлучил Здружението на Бугарите „Југ“ да го регистрира во Прилеп.

Целта била не ова Здружение да прерасне во Клуб, туку институционално да се бори против дискриминацијата на малцинствата во Македонија“, ни рече во декември новоосвестениот Бугарин, Зоран Мрсески, според кого, Бугарите во Македонија биле систематски дискриминирани, односно дека против нив се водела војна.

„Видете, јас сум македонски Бугарин. По потекло сум Бугарин, сум пораснал во Македонија и планирам да живеам во Македонија. Сите знаеме што се случи во Битола, сите знаеме што се случи во Охрид и вие како новинари не го осудивте тој чин. Насилството мора да се осуди од било која етничка заедница да се прави насилство. Во тој случај, значи едноставно се води војна против Бугарите“, – ни изјави Зоран Мрсески во декември.

Инаку, според резултатите од последните избори во Бугарија, одржани лани во октомври, во Македонија гласале 461 гласач кои себе си се чувствуваат како Бугари. Од нив во Кавадарци гласале 68, а додека во Прилеп само 33 гласачи.
На последниот попис кај нас, нешто над 3.000 лица се декларирале како Бугари, а додека бугарските власти тврдат дека се над 100.000.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста