Бугарските политичари „опсесивно“ за Самоил и за „непостоечкиот“ македонски јазик

Продолжува канонадата од Софија, бугарските политичари речиси се натпреваруваат меѓу себе во докажувањето на бугарското потекло на Самоил, Делчев, Сандански и во инсистирањето дека нема македонски јазик. Европратеникот и заменик претседател на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски тврди дека Македонија го прекршува Договорот за пријателство со Бугарија преку  „индикации“ дека постоел македонски јазик. Во текст објавен на неговата официјална страница, како член на евро-парламентот, Џамбаски пожестоко дури и од неговиот партиски лидер, вицепремиерот  Каракачанов, ја докажува бугарската историја на Македонија, која била фалсификувана од како што вели, југоносталгичните антички македонски професори, кои се дел од мешовитата бугарско-македонска комисија.

„Оваа „политика” на Скопје сликовито се гледа во работата на мешаната бугарско-македонска комисија за историските прашања, каде Југоносталгичните антички македонски „професори” се впуштаат во жестокобранење на лажните „историски” факти. На овој начин намерно се предизвикува забавување на работата на комисијата додека започне постапката за отворањето на поглавјата од преговорите за членство на Македонија во Европската унија“ – тврди Џамбаски.

За Џамбаски нема македонски јазик, има само официјален јазик на Република Македонија и како и други бугарски европратеници, но и членови на бугарската влада, тој се впушта во набројување на сите „бугарски“ херои и востанија кои Македонија „ги краде“.

Еве ги историскитефакти:
Цар Самуил е Бугарин, бугарски владетел

Георги (Гоце)Николов Делчев е македонскибугарин, бугарски офицер, бугарски револуционер, и постои и не може да сесомневаш.

Јане Сандански е македонски Бугарин, бугарски подофицер, бугарскиреволуционер, а постои и не може да има никакво сомневање

Григор Парличев,Кузман Шапкарев, браќата Миладинови –Бугари од Македонија, Бугарска преродба, и не постои сомнеж.

Илинденското –Крстовденското востание е најголемотобугарско востание, востание на поробените Бугари од Охрид до Црното Море и вотоа нема и не може да има никакво сомнение.

Пред Џамбаски со слични тврдења, но и закани дека Македонија немада влезе во ЕУ и НАТО, ако продолжи со инсистирање дека постои македонскијазик, настапија Каракачанов, шефицата на дипломатијата Захариева, европратеникот Ковачев и други високи бугарски политичари. Инаку, тој директно го споменува и македонскиот премиер Заев, за кого вели дека е класичен бугарски политичар, односно дека лаже, врти и сучи, со Бугарите е Бугар, Со Грците Грк, со Србите е Србин, а всушност е обичен сејач на магла.

Драган Милосављевиќ