Бугарските политичари напаѓаат, македонските со тактика „што потивко тоа подобро“

ДДодека дел од политички врв во Софија агресивно се залага за прифаќање на сите бугарски услови од заедничката македонско-бугарска комисијакоја ги чешла разликите и контроверзите во историските учебници, македонските власти се задоволуваат со испраќање на дипломатски пораки за соработка и добрососедство. Бугарскиот вице-премиер Каракачанов предничи во заканите дека Македонија нема да влезе во ЕУ и НАТО доколку продолжи да ги брани својот јазики историја, но не е само тој, исти или слични пораки упатија и шефицата надипломатијата Захариева, двајца бугарски европратеници и други политичари чиишто глас се слуша не само во Бугарија, туку и во рамките на ЕУ и НАТО. Бугарските експерти во Комисијата исто така се залагаат за ревизија по бугарски терк и тоа прилично успешно, доколку се суди според нивните изјави дека македонската страна прифатила дека царот Самоил и припаѓа на бугарската историја, исто како и Григор Прличев, браќата Кирил и Методиј и така натаму. Македонскитепретставници пак, по теркот на владата, или не се изјаснуваат или тоа го праватмногу внимателно, бидејќи, како што велат, не сакале да наседнуваат напровокации од поединци кои собираат политички поени. Меѓутоа, експертите кои несе дел од Комисијата, многу послободно ги изнесуваат сопствените гледишта.

Извори од Комисијата признаваат дека со Бугарите била постигната согласност дека имаат подеднакво право врз делото на Григор Прличев, дека е договорено заедничко празнување на Кирил и Методиј, но дека за Самоилсамо е начелно договорено дека е потребна реконструкција на неговиот лик и дело. Шефот на комисијата Драги Георгиев, рекол дека е завршено со изнесувањето на забелешките за учебниците по историја во основното образование, но без да наведе детали околу содржината натие забелешки. Членот на комисијата Петар Тодоров пак вели дека е предложена изградба на меморијал во земјава, кој ќе биде добра подлога за помирување набалканските соседи.

Бугарските критики дека Македонија ја фалсификува историјата не се новост, но се засилија во последниот период, речиси истовремено со пораките одАтина дека македонската страна премногу си дозволувала со тоа што ја оставила отворена можноста македонските деца да добијат право да учат на мајчин јазик воучилиштата во Грција.

Драган Милосављевиќ