Бугарските медиуми сметаат дека францускиот предлог е „мачка во вреќа: „Само крајно неодговорните национал-нихилисти можат да тврдат дека е добар“

Бугарите не се задоволни ниту со прифаќањето на Францускиот предлог за Македонија да ги отпочне фазите на преговори со Унијата. „Мачка во вреќа“ е деблокирањето на македонските евроинтеграции, а Бугарија останала само со уставните измени во првата фаза од преговарачката рамка, а не како што сакале во Скопје, пишува бугарскиот портал Фактор.бг. Официјална Софија дури малку направила бидејќи не успеала да го заштити нејзиниот став за македонскиот јазик, останале без гаранции дека Македонија во процесот ќе ги спроведува нивните барања, акцентирајќи го Договорот за добрососедство и пријателство – оценува авторот.

  • Но, вистината е дека нашите интереси воопшто не се заштитени во целост, бидејќи нема експлицитно вклучување на сите барања од протоколот 4+1, туку реално само на две од нив – за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и за ограничување на јазикот на омраза и дискриминација (без прецизирање). Проблемот со одбивањето на Скопје да ја објективизира историјата и да престане со фалсификатите, менување на учебниците и таблите и рехабилитацијата на жртвите на комунизмот не се експлицитно споменати. Во однос на јазикот, предвидено е потпишување на некои еднострани декларации, кои се јасно во мултиперспективна насока, бидејќи во спротивно тоа би била една заедничка декларација, која не би било во наш интерес – заклучува „Факти“.

Чиста манипулација на бугарските власти било дека со предлогот што произлезе од француското председателство со Унијата се заштитени бугарските интереси: „со преседанот меѓудржавните билатерални односи да бидат вклучени во европска рамка за преговарачки процес“. Според порталот, не се точни ниту тврдењата на бугарските власти дека „пристапните преговори може да бидат прекинат во секој момент, доколку се утврди неисполнување на договорот“.

  • Теоретски, можеме да ставиме вето на секое поглавје од преговорите, доколку ги имаме потребните аргументи. Сепак, повеќето поглавја – Царинска унија, Економска унија, Социјална политика, Енергетика, Земјоделство, Статистика, Рибарство, Животна средина, Финансиска контрола итн. – немаат никаква врска со нашите барања. Но, нема да можеме да бараме ништо конкретно или суштинско во текот на преговорите ако нашите барања во нивниот целосен обем не се експлицитно вклучени во преговарачката рамка – се заклучува во коментарот на „Факти.бг“.

Во пракса, само мал дел од бугарските услови, но дури и тоа не е сигурно, ќе може да бидат опфатени само во поглавјата Образование и култура, Регионална политика, Надворешни односи и Фундаментални вредности пишува авторот на текстот насловен „До кога ќе правиме зделки со националните интереси“.

Викторија Миткова

Поврзани вести