Бугарските иселеници во САД ќе го убедуваат Сенатот да не ја прифаќа резолуцијата на Македонците

Документ полн со„фалсификати и манипулации“ – Бугарите во САД не останаа рамнодушни на предложената Резолуција до Сенатот со која Македонците ќе ги слават македонскиот јазик, историја и култура.
Како што пишува „Труд.бг“, најстарата бугарска организација во САД – „Пирин“ од Чикаго, заедно со други бугарски организации продолжуваат да тераат кампања со протестни писма против резолуцијата. Според медиумот токму по интервенција на Бугарите зад океанот и нивните организации, лани двата дома на Конгресот отфрлиле слични документи со цел да го искористат Конгресот на САД како алатка за препишување на историјата и за легитимирање на тврдењето дека македонски етникум и јазик постоеле пред 1944 година.
- „Титовците од Обединетата македонска дијаспора повторно се обидуваат да ја украдат историјата на македонските Бугари во САД, иако во нивниот претходен обид во 2022 година ги изедоа шамарите“, коментираат на Фејсбук од МПО од Чикаго.
Републиканскиот сенатор Мајк Брон ја претстави резолуцијата, според која, септември би се прогласил за месец на македонско-американско наследство при што би се славеле јазикот, историјата и културата на македонските Американци.
Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски, за Алфа потенцираше дека целта на резолуцијата е да се истакнат бројните придонеси на македонските Американци во САД од различни области, почнувајќи од култура и уметност, до политика, бизнис, медицина, наука и спорт.
- „Целта на оваа резолуција е да побараме претседателот на САД да го признае септември како месец на македонско-амирканското наследство и улогата што македонската заедница ја има во САД, унпаредувањето на САД во последните 150 години, откако почнаа макеоднците да се селат во поголеми бројки. Моментално претпоставуваме дека има околу половина милион американци со македонско потекло, што имаат многу направено во социо-економскиот живот во САД“ – Појасни Методија Колоски, Претседател на Обединетата македонска дијаспора.
Резолуцијата кој е по иницијатива на обединетата македонска дијаспора (ОМД), треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за правосудство, за потоа да ја гласа целиот Сенат.