Бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ донира пакети со храна
Храна и основни прозиводи по повод Денот на македонската револуцинерна борба. Бугарските клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, веројатно за влијание и придобивање на ранливите групи во Македонија решија преку хуманитарна помош да им се приближат на Македонците. На сликите објавени на фејсбук може да се видат пакети со масло за јадење, тестенини, конзервирана храна како и средства за хигена, додека пак помеѓу прозиводите, јасно може да се забалежат слики од Цар Борис Трети, логото на фондацијата „Бугарска Меморија“, како и логото на здружението именувано по соработникот на бугарската фашистичка окупација за време на втората светска војна, Ванчо Михајлов.
На фејсбук постот од бугарското здружение велат дека храната им ја обезбедил нивниот досегашен финансиер Милен Врабевски.
– „По повод 129 години од формирањето на ВМРО, Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, Здружението Цар Борис-Охрид, со донација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија ги поддржаа семејствата во Битола и Охрид со пакети со храна.“ – Пишува во фејсбук објавата на бугарскиот културен центар Иван Михајлов – Битола.
Инаку, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски кој е финансиер на клубовите во Македонија, неодамна во интервју изјави дека на состаноци со Пендаровски и Заев ги информирал дека во Македонија ќе се отворат клубови, за кои и побарал помош и соработка. Од кабинетот на претседателот иако потврдија дека Пендаровски навистина имал средба со Врабевски, демантираа дека разговарале за клубовите. Врабевски свовремено тврдеше дека средбите не застанале само со највисокит државен врв, туку дека тој се среќавал и со други актуелни македонски функционери.
Врабевски неодамна изјави дека отворањето на бугарските клубови е резултат на Договорот за добрососедство и дека сега било дојдено време да се елиминира деценискиот страв од истакнувањето на бугарската самосвест на македонска територија.