Бугарскиот премиер од Куманово ни порача дека ветото останува опција: Внесувањето на Бугарите во Уставот е само еден од условите за Македонија

-Внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, како дел од животворните заедници, тоа е еден од условите, ни порача Донев од Куманово.

Бугарите во Уставот е само еден од бугарските услови кои сме ги прифатиле, ама не значи и гаранција дека нема да има нови блокади од официјална Софија. Ова од Куманово ни го порача бугарскиот технички премиер Галаб Донев. Ако сакаме да избегнеме ново вето, нема да е доволно само да поминат уставните измени, туку ќе мора да исполниме се што бара Бугарија, да ги исполниме сите критериуми и договор, кои сме ги прифатиле.

-Бугарија е дел од Европската Унија и Бугарија ги поставила своите услови, но тие услови кои што веќе се потврдени од земјите членки на ЕУ, тие се поткрепени со 25 потписи. Така да тоа што е во договорот и тоа што претстои да се извршува за да биде спроведена првата меѓувладина конференција која што ќе биде старт на преговорите, тоа е нешто кон кое треба да се стреми Македонија, изјави бугарскиот премиер.

Ова Донев ни го порача пред македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој пак се стави во улога на советник на својот бугарски колега. Му порача официјална Софија да проверела кој стои зад македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, за кој власта кажа дека е против негово отворање. 

-Во однос на тоа како и на кој начин е регистриран и направен, тоа секако нормално останува на институциите во Република Бугарија, исто како што формирањето на клубовите во нашата држава останува на оценка на нашите институции, изјави Ковачевски.

Вистината на Донев е спротивна од онаа која се обидуваат да ја продадат македонските власти, дека со внесувањето на Бугарите во Уставот, нема начин да биде спречен европскиот напредок на Македонија.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести