Бугарскиот пратеник се збуни среде Скопје: Дали Костадин Костадинов можеме да го наречеме Македонец?

Бугарскиот пратеник познат по тоа што цело време ни порачува дека Македонија и Бугарија се едно, дека сме еден народ, кој говор еден јазик, бугарскиот, среде Скопје се збуни на прашањето дали можеме да го наречеме Македонец, штом тврди дека сме еден народ.

(Постојат Македонци, постојат Бугари, на кој начин го засновате тоа дека е исто, на кои факти) на историски, на филолошки… (На кои историски факти, ај кажете ми вие.) Нема разлика. (За што се борел Гоце Делчев, за македонска држава или за Бугарија) И за македонска држава и за Бугарија. (За вас тоа е втора македонска држава така).Нема разлика. Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со општо минато. Разлика е во сегашноста, тоа е реалноста. (Значи можеме да кажеме дека вие сте Македонци?) Нема разлика меѓу Македонци и Бугари. (Значи јас да кажам дека Костадин Костадинов од Бугарија е Преродба е Македонец, а не Бугарин) Тоа е едно исто, ако сакате кажете Македонец, ако сакате кажете Бугарин, за мене нема разлика. (Значи Македонец сте можам да кажам дека сте Македонец или не?) А вие можете да кажете дека сте Бугарин? (Не, јас сум Македонец.) Добро, изјави Костадинов.

Матеја Петровски

Advertisements