Бугарска еуфорија: Молкот од Софија покажува дека се задоволни од она што го добиле од Македонија

Молкот на Бугарија покажува еуфорија поради она што го добија од Македонија со прифаќањето на францускиот предлог и влегувањето на сите бугарски услови во преговарачката рамка. Вака поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа ја коментира состојбата кај источниот сосед, каде последниве денови спорот со нас како и да не е тема, речиси воопшто го нема во медиумите. Според него јасно е дека слават голема победа, ако се знае дека пред да се појави францускиот предлог, главна тема беше негативната реториката кон Македонија.

-Кај нив очигледно владее една еуфорија дека добија се што сакаат и сега само ги чекаат следните чекори кои веќе се започнати. Не заборавајте дека кај нив сега е привремена Влада, дека владее едно затишје едно примирје бидејќи комисиите го изнесоа на виделина она злосторство што е направено од наша страна. Кога веќе се тргнало во таа насока тие се апсолутно задоволни и веројатно има и некоја логика на непровоцирање, изјави Никовски.

Вели тие сега мирно си чекаат да се исполнат следните чекори договорени чекори, како промената на учебниците и внесувањето на Бугарите во Уставот. Тие потези веќе и започнаа, ако се знае договорот кој го постигна историската комисија, за која Никовски вели не историски, туку политички, што според него не е дозволено.

-Добија се што сакаат сега ги чекаат само следните чекори кои веќе се направени, бидејќи нашата историската комисија покажа спремност да ги прифати сите бугарски небулози и да оди во насока на носење политички одлуки. Вчерашната нивна изјава покажува дека тие размислуваат, не само што делуваат, туку размислуваат, изјави Никовски.

И покрај договорот на историската комисија за одредени спорни прашања, за реален старт на преговорите со ЕУ, Македонија ќе мора да ги внесе Бугарите во Уставот, кога тоа ќе се случи е нејасно. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски побара уставните измени веднаш да влезат во Собранието, што власта го одби. Велат се уште било рано, да сме почекале.

Матеја Петровски