НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугари во Устав или леб на маса? – Што им е поважно на граѓаните?

Власта во Македонија како папагал повторува за уставни измени и за патот на државата кон Европската унија, а народот гледа само како да сврзе крај со крај и да го помине месецот.

Претседателот на државата, премиерот, министрите, целиот државен врв постојано повторуваат за евроинтеграциите и за значењето на уставните измени, но на граѓааните тоа не им е тоа најголем проблем.

Во центарот на метрополата, тие се разочарани од високите цени, па за уставните измени на власта не им е гајле.

Иако сиромашни и разочарани од скапата живеачка. дел од нив по ниедна цена не сакаат да слушнат, Бугарите да влезат Уставот – велат ако треба и корења ќе јадеме.

Власта како да живее на друга планета и освен уставните измени нема слух за ништо друго.

Анкетите, пак, покажуваат дека за над 70% од луѓето економијата е најважна. За 25% најголем проблем е сиромаштијата и нискиот животен стандард, за 24% тоа се високите цени, за 23% општата економска состојба, за 20% ниските плати и пензии, за 18% невработеноста.

Според анкетата на ИРИ спроведена во април и мај интеграцијата во ЕУ е дури на 12-то место според приоритетите, и тоа за само 4% од граѓаните, а проблемот со Бугарија е на 13-то место, исто така со само 4%.

Паула Костадиноска