Бугарија го прифати францускиот предлог и го „засили“ со уште четири услови

Во жестока дебата бугарските пратеници со 170 гласа за, 37 против и 21 воздржан, го прифатија Францускиот предлог со кој сите бугарски барања стануваат преговарачка за рамка за почнување на преговорите на Македонија со ЕУ…Со ова Националното собрание му дава мандат на Советот на министри да го прифати францускиот предлог, односно Бугарија ќе го симне ветото за Македонија само под овие услови …

Сепак народоното Собрание испорача дополнителни 4 услови пред владата да ја одобри преговарачката рамка, меѓу кои се и вклучување на Бугарите во уставот на Македонија рамноправно со другите народи, не само во преамбулата, туку и во нормативниот дел. Во дополнението од Демократска Бугарија кое помина во Собранието, пратениците се согласија и дека ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Република Бугарија за постоењето на „македонскиот јазик“. Добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција.

Поранешниот потпретседател на Собранието, Кристијан Вигенин, порача дека сега не било време државата да носи вакви сериозни одлуки. Побара преговорите со Македонија да продолжат во следните месеци на ниво на институции, оти Бугарија била земја која не била ограничена со време.

Пратениците од партијата Преродба не штедеа на навреди упатени на адреса на Македонија, па отидоа дотаму што велат дека Македонија без Бугари може само да гори… Пратеникот на „Има таков народ“  Тошко Јорданов, веднаш по одлуката на Народното собрание, од собраниската говорница прочита став од лидерот на неговата партија Слави Трифонов, односно порака за оние кои гласаа   „за“.

„Јас ќе зборувам, но вие ќе го слушнете Слави. ГЕРБ, ДБ, ДПС и ПП штотуку го прифатија предлогот. Имаме нова коалиција – прегрнати се Пеевски, Бојко, Кирил Петков и Христо Иванов. Достоинството и националната самодоверба во мајчина.  Ја донесов мојата одлука и денес стана јасно зошто!“ – рече Јорданов.

Европскиот совет синоќа ги повика политичарите во земјата да ја исполнат својата европска должност.

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести