Бугарите ќе си дојдат со своја полиција: Покрај македонските и бугарски полицајци во сабота во Скопје?!

Не само македонски, во сабота во Скопје ќе има и бугарски полицајци. Со цел заштита на своите граѓани бугарското МВР му понуди помош на Оливер Спасовски. Министерот за внатрешни работи вели сме можеле се сами, но не демантираше дека во Скопје ќе имало полициски службеници од Бугарија. И да дојделе ќе сме можеле да ги броиме на една рака.

-Не станува за полициски сили што се нудат од Бугарија за да дојдат, туку е понудено да бидат полициски службеници, кои што учествуваат практично на натпреварите фудбалски, заради тоа што нели имаме најави дека е можно да присуствуваат навивачките групи итн. Така да македонската полиција е подготвена во целост не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, изјави Спасовски.

Бугарија веќе и јавно се понуди да испрати свои полицајци во Скопје со цел избегнување на евентуални немили сцени. Главниот комесар во бугарското МНР Станимир Станев, вели дека цело време бил во комуникација со својот бугарски колега, па ако било потребно ќе испрателе свои полицајци.

– Јас сум во постојана комуникација, денеска три пати се слушнав со колегата од Македонија, од Министерство за внатрешни работи, со кого разменивме информации за движењето на нашите луѓе, за бројката за која се уште немаме информации зошто тоа е менлива бројка… Дали поциските мерки вклучуваат испраќање на бугарски полицајци во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев?… Тоа ќе се знае. Очекуваме предлог, ако има такво барање и предлог да се разбира ќе испратиме наши полициски службеници, изјави Станев.

Инаку сите кои во сабота ќе дојдат од Бугарија ќе си добијат ВИП третман, со специјална полициска придружба, ротирачки светла, расчистување на патот. На овој начин македонската полиција ќе го обезбедува конвојот од 40-тина возила со околу 150 Бугари кои би требало на 4 февруари да ја минат границата на Деве Баир. Специјалниот третман ќе трае се до црквата Свети Спас во Скопје, а ќе продолжи за време на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, се до нивното враќање во Бугарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста