Бугарите планираат да отворат уште најмалку 20-тина клубови низ Македонија

Наместо затворање или преименување, бугарските намери се отворање на нови 20 културни клубови во Македонија. Бугарскиот бизнисмен и финансиерот на клубовите Милен Врабевски нашол начин како да се реши како што вели насилството кон бугарските здруженија – да регистрира нови.

  • За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи“ – изјави Врабевски.

Југословенскиот модул, бил најгаден во светот, и им го испрал мозокот на Макецоните чија територија била украдена со многу крв и престапи вели Врабевски.

  • Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето“ – кажува тој во интервјуто.

Од сега да се знае дека во сите 34 градови и 15 поголеми села во Македонија ќе има канцеларии и клубови на бугарските друштва ни порача и Виктор Стојанов – претседателот на бугарската фондација „Македонија“. На иста линија со Врабевски, клубовите ќе работеле со една цел – да ги зближат Македонците и Бугарите.

  • Отсега велам, да се знае: Во Северна Македонија има 34 градови: со население од 523.000 (Скопје) до 2100 година (Демир Хисар). Во сите овие 34 градови, заедно со околу 15 поголеми села, канцеларии и клубови на бугарските друштва и културни центри ќе бидат отворени во 2023 и 2024 година. Знаете дека во некои од градовите, меѓу кои и Скопје, веќе постојат бугарски културни центри. Овие културни центри ќе работат со една цел: да ги зближат Македонците и Бугарите. Нашата иднина е заедничка: во Европската Унија! И ако има луѓе во Северна Македонија кои се против: да се фати шумата! Бугарите и Македонците ќе се спротивстават на омразата и заканите од ретроградни Нашата иднина е заедничка! Да се знае!“ – пишува Стојанов.

Токму за делувањето и промоцијата на историските личности по кои се именувани бугарските здруженија  претседателот на „Ванчо Михајлов“ во петок треба да се појави на информативен разговор во битолското обвинителство.

Пред речиси два месеци, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците НОБ, македонскиот народ и етничките заедници, но претседателот и членовите да ги отстранат и избришат сите спорни материјали во името ,статутот и програмата.

Бугарските клубови црвената лента ја пресекоа со протести на револтирани  Македонци бидејќи се именувани според контроверзни историски личности за македонската историја. Во законодавниот дом се донесе и закон според кој здруженијата добија три месеци да го променат називот а во спротивно ќе бидат затворени. Сепак, овој закон барем според она што ни го кажа власта, бил донесен само за да се бајпасира ситуацијата кога граѓаните реагираа жестоко на оваа тема, а сега се подготвувал нов предлог закон. Но, бугарските политичари не останаа имуни ниту на привремениот закон, па министерот за надворешни работи, Николај Милков испрати заканувачки тонови дека сме морале да направиме отворените бугарски клубови да функционираат.

Викторија Миткова

Advertisements