Бугарите го подзаборавија Гоце Делчев – утрешното одбележување на 120 години од смртта се очекува да мине мирно

Гоце Делчев им е важен на Бугарите само кога им треба да ја уценуваат Македонија, па така сега како да го позаборавија. Смртта на големиот македонски великан годинава ќе си ја одбележуваме сами дома – за разлика од пред три месеци кога бугарите направија скандали па за одбележувањето на неговиот роденден беа ангажирани полицајци, војници, прелетуваа хеликоптери. Тогаш бугарија беше исклучително заинтересирана нејзини претставнци да се поклонат на неговиот гроб. Сега, освен посебниот режим на сообраќај, кој го спроведува МВР за сите вакви манифестации, нема најава за посебни безбедносни мерки.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот – информираа од МВР.
Одделното одбележување на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев доаѓа по огромните тензии кои ја одбележаа прославата за 151 година од неговото раѓање, на 4 февруари во Скопје, која воопшто не беше во духот на неговиот светоглед за културен натпревар меѓу народите.
Дека Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, бидејќи не постигнале договор, претходно соопшти в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Според него, оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари. Тогаш, тројца бугарски државјани беа приведени на граничниот премин Деве Баир откако со часови провоцираа, се караа и се обидуваа дури и физички да пресметаат со граничарите.
За заедничко чествување на 120 години од смртта на македонскиот национален херој јавноста дури ниту од контроверзниот европратеник Ангел Џамбаски кој редовно шири антимакедонска пропаганда и го негира постоењето на македонскиот народ.
Во Бугарија, одбележувањето ќе се одржи пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија и во Благоевград.
Адријана Алексиеска