Бугарите во македонскиот Устав – недоволно за симнување на ветото во јуни

За Бугарија не е доволно вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав за да го тргне ветото – јуни како краен рок за отпочнување на процесот преговори на Македонија со Европската Унија, со завршувањето на француското претседателство е невозможен ако се земат предвид изјавите на бугарските политичари. Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, уште еднаш потенцираше – целиот процес се засновал на нашите сопствени заслуги, и на ниту еден начин не бил врзан за датуми.

„Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија нема да биде доволен за кревање на ветото на Софија за Скопје, Има претставници на кабинетот и различни институции кои, се надевам, веќе разбраа дека Бугарија не може да има две надворешни политики. Ако има некаков напредок за тоа како ќе се развиваат нашите односи со Македонија во иднина, сето тоа ќе помине низ одлука на Националното собрание. Ќе продолжиме да објаснуваме каков е нашиот став, што очекуваме од преговарачкиот процес и какви гаранции сакаме да бидат вклучени во преговарачката рамка“ – порачува министерката.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, исто така познат по своите цврсти бара од САД и ЕУ да ги притиснат македонските политичари да ги почитуваат договорите, за да се воспостави подобар дијалог меѓу двете земји.

„Парадоксално е ова однесување на САД и ЕУ кое функционира во интерес на Русија. Договорот мора да се почитува, а не се почитува од Владата во Скопје. Во учебниците, медиумите, политичарите продолжуваат да користат говор на омраза против Бугарија, тоа не се промени. ЕУ и САД мора да направат притисок, Македонија да го почитува договореното“ – вели Џамбаски.

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, кој инаку не можеше да ни вети решение но ни вети добра волја, вчера повика веднаш да започнат разговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ. Тој изјави дека ќе продолжи сериозниот притисок од Советот на ЕУ врз Бугарија и нашата држава за решавање на билатералниот спор. Доколку тоа не се случи за време на француското претседателство, се очекува силна криза во односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан.
Дека е потребно да се најде решение до крајот на француското претседателство во неколку наврати изјавуваше и еврокомесарот Оливер Вархеји. 30 јуни би бил крајниот рок за отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана, а доколку Македонија и натаму е блокирана, не се исклучува можноста, Албанија кон ЕУ да пристапи сама.

Адријана Алексиеска

Advertisements