Брутално убиени неколку ученици и едно возрасно лице

Најмалку пет ученици и едно возрасно лице се убиени во напад во училиште во Сао Паоло во Бразил. Нападот го извеле двајца тинејџери за време на одморот помеѓу часовите.

Двајца вооружени и маскирани адолесценти, освен учениците го убиле и директорот на училиштето „Раул Бразил“, по што, според одредени информации, се самоубиле.  Локалните медиуми информираат дека освен со огнено оружје, тие биле вооружени и со лак и стрела, ножеви, некаков сад, за кој подоцна се утврди дека е Молотов коктел и куфер, кој е однесен на вештачење во полиција.

Во нападот се повредени и најмалку девет лица, кои веднаш се пренесени во болница.

Гувернерот на Сао Пауло Жоао Дориа изјави дека жртвите биле „сурово убиени“.