НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројката на загинати и исчезнати во Либија вртоглаво се зголемува

Повеќе од 5.000 луѓе загинале, а 10.000 се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија предизвикаа уривање на две брани, испуштајќи уште повеќе вода во веќе поплавените области, соопшти Министерството за внатрешни работи на источната либиска влада.

Во источниот град Дерна, кој претрпе најголемо уништување, дури 6.000 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати. Ситуацијата е катастрофална. Се верува дека водата однела цели населби во градот, соопштија властите.

Претставници на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска објавија дека бројот на исчезнатите достигнал 10.000.