Стивен Беркли нов британски министер за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј го именуваше досегашниот министер за здравство Стивен Беркли за нов министер за Брегзит, на местото на Доминик Раб, кој вчера поднесе оставка.

Портпаролот на британската премиерка рече дека Меј лично ќе ги надгледува последните десетдневни преговори со ЕУ за идниот однос и дека Беркли ќе се фокусира на домашните подготовки за Брегзит и добивање поддршка за нацрт спогодбата во Парламентот.

Раб се повлече од местото министер за Брегзит, а покрај него оставки поднесоа уште неколку министри во знак на протест поради договорот на премиерката Меј со Брисел за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Исто така, поранешниот министер за внатрешни работи Амбер Рад е именуван за министер за труд, бидејќи претходниот поднесе оставка.