Британија предупредува на опасност од можен „случаен“ конфликт во Заливот

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, денеска предупреди на опасноста од конфликт што е можно да почне „случајно” во Заливот.

-Ние сме многу загрижени за ризикот од конфликт што би почнал случајно со ескалација ненамерна од двете страни, но би завршила со некаков конфликт, рече Хант по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска потврди дека државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигнува во куса, непланирана посета на Брисел со цел консултации со Европската унија за Иран.