Брисел на страна на Софија – Молк за провокациите

Европската Унија не сака да се меша во историјата и не го коментира отворањето на бугарските клубови со контроверзни имиња затоа што тоа било билатерално прашање, но токму таквите билатерални прашања како што е влегувањето на Бугарите во Уставот и менување на историјата ги прифати како услов за отворањето преговори. По еврокомесарот Вархеји, одговор за бугарски клубови низ земјата кои носат имиња поврзани со фашистичкото минато избегна да даде и евроамбасадарот Гир. Вели дека не бил компетентен да зборува за историјата.

  • „Многу е важно правата на различните заедници да се почитуваат. Исто така е многу важно дека ќе се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и да се избегнуваат тензии. Што се однесува на овој посебен инцидент што се случи пред неколку дена, Министерството за надворешни работи излезе многу јасно и кажа дека линијата беше пречекорена во врска со ова прашање. Толку имам да кажам,“ рече Гир.

Европската Унија уште синоќа се изема од коментар за бугарските клубови. За Еврокомесарот Вархеји тоа било билатерално прашање.

  • „Не сакам да коментирам за разни клубови, плакати и графити на ѕидови, кога станува збор за билатерално прашање. Но, се надевам дека со усвојувањето на преговарачката рамка, првата меѓувладина конференција и политичкиот договор што нè доведе дотаму, креираше нова политичка и јавна клима и исто така потребната политичка рамка за справување со овие прашањата “, рече Вархеји.

По силниот притисок од јавноста, власта конечно почна да признава дека називите на овие клубови не придонесувале за добрососедските односи и ги сметале за провокација.

  • Насилството не е решение и не придонесува за решавање на проблемите. Сметам дека и Централниот регистар и надлежните судови и јавното обвинителство имаат опции и по постоечките закони да дејствуваат за зачување на јавниот ред и мир и јавната безбедност во смисла на називите на овие здруженија. По моите информации Централниот регистар веќе постапува во некој од овие случаи но во тек е и работата на ад хок групата која ја формираше Министерството за правда за да се направат законски измени за додефинирање на прашањата поврзани со називите на здруженијата“ , рече Маричиќ.

Опозицијата пред една недела поднесе предлог-законски измени на Законот за здруженија и фондации, со што ќе се спречи идно формирање но и реакција на веќе постоечките регистрирани здруженија во земјава. Предлогот доби и меѓународна поддршка. Со реакција недоамна се јави и Еврејскиот центарот „Симон Визентал„ од Еуросалим кој тврди дека Бугарија сакала да менува историски факти и да ја избегне вината за депортацијата на евреите од Македонија.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести