Брегалница – жртва на еколошката негрижа

Брегалница се уште останува да важи како река од 4-та категорија по загаденост. Тоа кажува и колкава е грижата на луѓето кон природата. Неконтролираното испуштање на канализациски и индустриски води, но и ѓубре се причина за нарушување на биодиверзитетот во одредени делови на реката. Состојбата е алармантна посебно во летниот период.

Најмногу се нарушени микробиолошките параметри, каде имаме од оние термостабилни колоформни бактерии во огромни количини, од кои најголем дел се од фекално потекло„-изјави проф.Георги Димов, Факултет за природни и технички науки-УГД-Штип

По Брегалница која  е втора по должина  река во државата има само две пречистителни станици на отпадни води. Едната во Берово, а другата кај село Мојанци , кочанско. Според граѓанските активисти најголем загадувач се комуналните отпадни води и не третираната индустриска вода кои успеваат да се влеат во Брегалница.

Нивните води прво излегуваат на отворено во Оризарска река, а од таму во Брегалница. Водите во регионот се загадени од компанијата Пејпер Мил и некој други придружни компании што немаат пречистителни станици, но примарна е Пејпер Мил„ – изјави Горан Лефков, граѓански активист.

Прелистителните станици се капитални инвестиции и не би можеле да се изградат без донаторски средства. Штип се уште нема ваков објект, но има проект и во тек е ревизија на изготвената документација, објаснува штипскиот градоначалник.  За да се реализира потребни се 25милиони евра.

Капиталниот проект кој ќе се финансира со најголем дел од средствата од ЕУ, од ИПАРД 3програмата и преку министерствата за финансии и животна средина, се очекува да биде распишан тендер„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Брегалница  спаѓа во групата на многу загадени реки. Поради проблеми во колоекторскиот систем реката беше обоена во црна, црвена и сива. Последен пат , откако пукна црево од цистерна во фабрика во ТИРзоната, реката речиси два дена беше во бела боја. 

Александра Ристевска

Advertisements