Бранко Црвенковски се појави во јавноста – формиран „Подгорички клуб“

Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски прв пат откако се повлече од политиката се појави на јавен настан и тоа во Црна Гора.

Црвенковски кој остана без изјави во клучните моменти за државата, кога се менуваше името и Уставот, сега стана дел од новоформираниот Подгорички клуб во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот.

Организацијата треба да понуди заедничка стратегија за интеграција во ЕУ, а основачи се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.