Бојаџи: Страв ми е дека мојата генерација нема да успее да ги сочува вредностите кои нашите предци ги создавале

На темата „Македонија во 2018-та: Национален хорор или евтина политичка пародија“ гости во „Отворено“ на Алфа се режисерот Јани Бојаџи и актерката Арна Шијак. Според Бојаџи она што се случува во моментов во државата е процес кој е започнат од денот на осамостојувањето на Македонија.

-Ова е процес кој трае многу долго, процес кој е започнат на денот на осамостојување на Македонија. Постоеле генерации на наши предци кои создале одбранбен механизам и во еден момент тие се одбраниле, но факт е дека ние мора да признаеме како генерација, која сите вредности кои предците ги создавале, јас и мојата генерација ги растураме. Страв ми е дека нема да може да ги сочуваме и да ги оставаме за следните генерации, изјави Бојаџи.

Тој изрази и страв околу тоа дека Македонците ќе го изгубат сознанието околу тоа што се.

-Ме плаши, пред некое време многу скоро академикот Маџунков дека се плаши дека нема да издржиме до крај на сознанието на тоа што сме. Според мене тоа е важно бидејќи тоа го кажува најобразованиот жив Македонец, изјави Бојаџи.