Бојаџи: Владата сака да го спречи фестивалот „КинеНова“ поради премиерата на „Ругање со Христос“

Власта прави сè за да го спречи самото одржувањето на филмскиот фестивал „КинеНова“, поради македонската премиерата на „Ругање со Христос“, тврди режисерот Јани Бојаџи чиј филм во последниот период, уште не прикажан во земајва, ја разбранува македонската јавност.

Утрешната проекција на филмот може да биде единствена, не знам дали и за неа ќе има влезници затоа што, за разлика од минатите изданија, овојпат МКЦ на фестивалот му отстапил само десет влезници, вели Бојаџи. Тоа значи дека ако МКЦ ги даде влезниците на слободна продажба актерите и членовите на екипата нема да можат да го видат својот филм.

-Во овој момент се случува нацизам во најодвратен вид, во кој децата на црвената буржоазија, заслепени од тоа дека има и некои други на овој свет, се обидуваат да го срушат овој настан, минирајќи го, на најпримитивен начин, контролирајќи ги билетите. Претпоставувам дека идејата им е тие да купат 100 или 200 билети и да донесат од некаков штаб 100 или 200 луѓе кои на среде премиера ќе извикуваат „уаа“. Тоа е најодвратната, најпримитивната идеја на еден фашистички ум, вели за Алфа, Бојаџи.

Од МКЦ пак, бараат режисерот да им се извини. Директорот на МКЦ, Русе Арсов вели дека Бојаџи „тропа на погрешна врата“, и дека своите проблеми треба да ги реши со организаторот.

-Ние немаме никаква правна, протокуларна, ниту организациска линија, ниту со Јани Бојаџи, ниту пак со неговиот филм, туку имаме работа со конкретен организатор на фестивал. Тој треба да си ги организира сите услови за прикажување, со сите програми, и сите кои ги има покането на фестивалот, вели Арсов.

Директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ пак, сега тврди дека влезниците се во слободна продажба од по 100 денари, а Младинскиот културен центар (под чија надлежност е кино „Милениум“) го ограничил фестивалот и му отстапил само десет влезници.

-Нема да има покани, ние имаме влезници, односно имаме право да ги откупиме, и да, ќе бидат во слободна продажба, вели Јовановиќ.

Филмот „Ругање со Христос“ веднаш откако доби награда на филскиот фестивал во Монтреал кој е еден од топ 10 во светот, беше дочекан на нож од страна на Минитерството за култура кое обвини за ширење на омраза, а премиерот Заев даде наредба да запре сета помош за филмот во неговата промоција.

Предходно МКЦ кој се финансира и преку Министерството за култура и Град Скопје никогаш не побарал од било кој организатор на фестивал да ги продава влезниците кога се работи за премиера на македонски филм, финансиран со државата.

Сања Т. Ставров