Бошков за Алфа: Растот на минималецот е вештачки и дополнително ќе ја подгрее двоцифрената инфлација

Покчувањето на минималецот од 18.000 на 20.175 денари е вештачки и тоа дополнително ќе ја подгрее инфлацијата која сеуште е двоцифрена. Работодавачите предупредуваат, секое зголемување е добро, но прашањето е дали тоа може да го издржат бизнисите, посебно малите и среди претпријатија.

Покачувањето на миминалецот уште повеќе ќе ја подгрее инфлацијата, а може да ја зголеми и невработеноста. Најниските примања се пумпаат вештачки а на крајот ниту работниците ниту работодавачите ќе имаат ќар. Ова е ставот на дел од бизнис заедницата откако беше одлучено минималната плата да порасне од 18 над 20.175 денари.

  • Ова е вештачко зголемување на платите, а тоа е вештачко зголемување на потрошувачката иницијатива. Од друга страна инфлацијата е двоцифрена, таа влијае на нивото на платата и на потрошувачката моќ кај луѓето кои истата ја земаат, секако, вели за Алфа првиот човек на Конфедерација на работодавачи на Македонија, Миле Бошков.

Покачувањето ќе ја намали и продуктивноста зашто ќе прдизвика урамниловка и ќе ги демотивира поквалификуваните работници чии плати ќе се приближат до најниската, сметаат работодавачите.

  • Она што загрижува е системското зголемување на минималната плата од 18.000 на 20.175 денари и тоа дополнително ќе ја подгрее инфлацијата. Тоа нее во корелација со зголемување со БДП, ниту ја подигнува продуктивноста кај работниците, а не влијае на подобрување на стандардот кај граѓаните, кој ја губи куповната моќ. Токму затоа, ова мора да се договара меѓу работодавачите и работниците, додава првиот човек на Конфедерација на работодавачи на Македонија, Миле Бошков.

Минималната плата расте речиси секоја година, но инфлацијата постојано ја јаде.

Во 2021-та, кога била 15.194 денари, покривала 42.9% од синдикалната минималната кошничка, во 2022-та 18-те илјади денари покривале 40.4%, а сега со најновото покачување на 20.172 ќе покрива само 39.6% од основните потреби на едно семејство. Ова буквално значи дека работникот кој прима минималец сепак ќе биде посиромашен од лани полани.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста