Бошков за Алфа: Не чека тешка зима, како на економски, така и на енергетски и секаков план

Тешка зима, како на економски, така и на енергетски план ја очекува Македонија, алармира стопанството кое и сега едвај преживува. Граѓаните, но и компаниите веќе се соочени со сериозни шокови од сите страни. За разлика од македонската Влада која никаде ја нема да излезе со помош, другите земји од соседството цело време помагаат за да не дојде до клуч на врата на компаниите кои се двигател на една држава.

Од Бизнис конфедерацијата на Македонија алармираа дека ќе биде тешко, но велат дека мора да се издржи за работниците да останат дома, а не да си заминат од земајава како што тоа на големо се случува, и се соочуваме со сериозен недостаток на кадар, вели во интервју за Алфа Миле Бошков.

Тој одговоара и околу даночната реформа која наиде на сериозни обвинувања од страна на бизнисот но и граѓаните. Еве сега од УЈП кажаа дека ако стопанството каже „НЕ“, таа и ќе се одложи.

Борис Грујоски разговараше со Миле Бошков. Еве го целиот разговор.