Бочварски: Се уште не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“

Министерот за транспорт и врски Бочварски, во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите.

„Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон ЈПДП и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста“, рече Бочварски, Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

Advertisements