„Борис Трети“ со иста судбина како и „Ванчо Михајлов“, се чека потпис од министерот Лога
Потпис од министерот за правда го дели бугарскиот клуб во Охрид од ставање клуч на врата. Кренар Лога уште ја чека документацијта и негативнито мислење од Комисијата за употреба на имиња за бугарското здружение „Цар Борис Трети“. Уверува дека ќе ги потпише, по што според законските измени преостанува само затворање на клубот.
- „Документите не се доставени се уште, верувам во текот на денот или најкасно утре би биле. Ќе го направиме потребното, исто како што беше и минатиот пат“ вели Лога.
Комисијата за употреба на имиња на личности вчера беше децидна со негативно мислење за називот на бугарскот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“ – според нив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Последниот бугарски цар бил одговорен за злосторствата извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората Светска војна и за депортацијата на илјадници Евреи во Логорот на смртта – Треблинка.
- „Цар Борис Трети е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, велат од Комисијата.
Кога Лога ќе потпише и „Цар Борис трети“ во Охрид ќе ја доживеа истата судбина како „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше затворен по негативното мислење од Комисијата за употреба на имиња.
Викторија Миткова