Борисов нареди проверка на бугарските пасоши – на удар и Македонците

Македонците кои добиле бугарски пасоши во последните пет години, ставени по лупа на бугарските служби. Откако пред неполн месец изби аферата со лажните бугарски пасоши, премиерот Бојко Борисов издал наредба да бидат проверени документите на сите странски државјани, вклучувајќи ги и Македонците кои во Бугарија се заведувани и по стотина на една адреса, па дури и на локалните гробишта.  Резултатите треба итно да бидат обработени, барем така најави владината прес-служба.

Разработената криминална шема преку која биле заработувани и по неколку илјади евра од секое лице која сака да се стекне со драгоцениот европски пасош, ја разби бугарското МВР, а во притвор се најдоа повеќе од 20 лица.

По објавувањето на најголема афера во новата историја на Бугарија Алфа посети дел од локациите кои се наведени во пасошите и побара одговор дали таму живеат Македонци.

– Нашите им плаќаат како да се овде, а тие не живеат тука; Не нема Македонци, се дел од изјавите на граѓаните од Ќустендил кои говореа пред камерата на Алфа.

Бугарските аналитичари кои говореа за Алфа велат дека немаат дилема дека целиот скандал е корупција од невидени размери, но и дека за учеството на бугарската националистичка ВМРО БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов е вмешана во целата шема.

– Очигледно е вмешана една од партиите во коалицијата на патриотите во Бугарија – ВМРО да, иако Каракачанов одрекува. Но тој контингент во Агенцијата е назначен од раководството. Има таму некои кои уште претходно имале некакви функции. Но не може да не знаеле дека таму  нема корупција, вели бугарскиот аналитичар Валериј Најденов.

На почетокот на месецов чекорите за добивање на бугарски пасош, биле дискутирани и пред Агенцијата за Бугарите во странство, од каде пак за Алфа велат дека македонските граѓани со христијанско име се Бугари и би требало да можат да добијат бугарски документи.

Според бројките кои ги споделуваат медиумите од соседството, дури 90 илјади бугарски пасоши биле издадени во последните 15 години.

Ивана Соколовиќ Најдова