Борбата на пожарникарите во Далмација трае иако пожарот е ставен под контрола
Страшниот пожар кој беснее во Далмација и понатаму ги мачи пожарникарите.
Пожарот од градовите Гребаштица и Шпарадиќи е изгаснат, но пожарот се шири низ ридот Јелињак кон селата Примоштен. Таму дејствуваат и копнените и воздушните сили. На терен се над 150 пожарникари и 50 возила. Пожарникарите се распоредени долж јадранската магистрала над Шпарадиќ и кон Примоштен.
Во овој момент тешко е да се каже дали пожарот е подметнат пожар и воопшто да се зборува за причините, јавува n1 Загреб.
Во текот ноќта имало обновување на пламените јазици, но пожарникарите успеале да го задржат новиот залет на огнената стихија. Рано утрово два канадери се вратија на местото на пожарот. Автопатот е отворен за секаков сообраќај, а струјата е вклучена.