„Бомбите“ ја тресат владата во Тирана – Рама категоричен дека ќе има избори

Albanian Prime Minister Edi Rama speaks during a joint press conference with Prime Minister of Montenegro Dusko Markovic (not pictured), at the Vila Gorica, in Podgorica, Montenegro, 03 April 2017. Rama arrived in Podgorica for a one day official visit., Image: 327638623, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, TEMP EPA

Протести, прислушувани разговори, молотови коктели…ваква е слика изминатиот период во Албанија, западниот сосед на Македонија, земја која е во пакет со нас за добивање на почеток на преговори за влез во европското семејство.

Иако Албанија ја тресат бомби каде според германскиот весник Билд, првиот човек на Владата е поврзан со мафијата, сепак премиерот Еди Рама, цврсто останува на ставот дека локалните избори кои се закажани ќе се одржат на 30 јуни. Тој вели тој процес не можел да се третира како топка партали.

„Никој не може да го земе во заложништво демократскиот процес, тоа не се видело никаде до сега и нема да се види ни тука“; изјави Рама додавајќи дека опозицијата нема да може да ја наметне логиката на чадни бомби и молотови коктели во Албанија. Рама оцени дека опозицијата е во паничен страв од правосудните реформи.

Балканските медиуми на големо пишуваат за серијата на телефонски разговори кои имплицираат поврзаност на владата, односно владејачката Социјалистичка партија со организираниот криминал во местење избори.

Билд се повикува на аудио-снимки на кои мафијата врбува гласачи да гласаат за партијата на албанскиот премиер Еди Рама за кој пред петнаесетина дена повторно во текст на Билд, беше обвинет за врски со мафијата.

На снимките се слуша како мафијашкиот бос во разговор со градоначалникот на Драч договара кој од Социјалистичката партија ќе влезе во собранието, како и за кого се купуваат гласовите.

Рама сето ова го отфрла. Тој се гледа себеси како жртва на заговор. Само што, снимките кои ги направија токму неговите истражители, не може да ги избрише во целиот свет“, заклучува Билд.

Македонските експерти велат дека прислушуваните разговори, се само маша за уценување и пазарење на политичките структури од страна на криминалните структури.

Аудио-снимките или бомбите кои ги објавува весникот биле дел од истрагата која ја отворила албанската полиција во „Случајот 339/1“ и не се достапни за јавноста, а делови не смееле ни да се најдат во пишани документи, наведува Билд кој објави шест снимки.

Останува отворено прашањето дали бомбите кои дали случајно или не коинцидираат со тајмингот за носење на одлука за почеток на преговорите со ЕУ за Албанија, се појавуваат со новите бомби кои се претежно за албанските политичари во Македонија и дали сето тоа ќе влијае врз двете земји за одредување на датумот.