Болтон: САД ќе ја поддржат Британија за договор за слободна трговија

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да види успешно излегување на Велика Британија од ЕУ, кое Вашингтон ќе го поддржи со американско-британски договор за слободна трговија, изјави денеска пред британските власти американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Централна тема на дводневната посета на Болтон на Британија е дека САД ќе помогнат при британското напуштање на Унијата со договор за слободна трговија. За договорот преговараат американскиот трговски застапник Роберт Лигцер и неговата британска колешка Лис Трас.