Болтон најави интензивирање на американските санкции кон Иран

САД ќе ги зајакнат санкциите кон Иран, изјави денеска советникот за национална безбедност Џон Болтон, додека Техеран се обидува да изнајде патишта за избегнување на американските рестрикции на извозот на нафта и за банкарскиот сектор.

Целта е од самиот почеток да се сведе иранскиот извоз на нафта на нула. Нашата намера е жестоко да го притиснеме, посочи Болтон.

САД објавија дека повторно ќе воведат санкции овој месец додека администрацијата на Трамп се обидува да го принуди Иран да ја укине ракетната и нуклеарна програма, како и да ја прекине поддршката на сили во Јемен, во Сирија, во Либан и во други земји на Блискиот Исток.

САД од забраната за купување на иранска нафта по повторното воведување на санкции, исклуок направија за осум земји увознички на нафта. Поради тоа претседателот на Иран, Хасан Рохани изјави дека Вашингтон не е во состојба да го сведе иранскиот извоз на нафта на нула.