Божиќ во светот

Раѓањето Христово денеска се одбележува низ светот. Овој голем празник се празнува од Русија до Етиопија. Освен во Македонија денеска Божиќ е и во Белорусија, Египет, Етиопија, Грузија, Казахстан, Молдавија, Црна Гора, Србија, Русија. Божиќ на 7­ми јануари слави и Ерусалимската православна црква.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска како единствен верник присуствуваше на божиќната литургија во Благовештенската црквата во Кремљ, која првобитно била замислена како храм за руските цареви. Путин им го честиташе Божиќ на верниците, велејќи дека тоа е празник кој треба да биде инспирација за добри дела.

Православната црква на Украина за прв пат Божик го славеше на 25 декември, наместо традиционално на 7 јануари. Сепак, претседателот на Украина, Зеленски во божиќната честитка порача дека повеќе од 300 дена по руската инвазија украинските семејства биле обединети како никогаш досега – во нивната храброст, во нивната цврстина, во нивната меѓусебна почит и во нивната взаемна помош.

Верниците кои го следат јулианскиот календар на овој голем ден си посакуваат здравје, љубор, мир, бериќет.Се проценува дека Христовото раѓање денеска го слават меѓу 250 и 300 милиони православни христијани. Најголемиот број од православните христијани живеат во Источна и Југоисточна Европа. Православното христијанство е најчестата форма на христијанство на Блискиот Исток, а повеќето од нив живеат во Египет и Левант. Начинот на славење и традициите значително се разликуваат од земја до земја. Руските православни верници, се молат редовно 39 дена пред Божиќ – до вечерта на 6 јануари, кога започнуваат свечените литургии. Грузијците пак излегуваат на улица, организирајќи традиционална прошетка.

Прославата на Божик во етиопската православна црква Тевахедо се нарекува Гана, а на неа и претходи ден на пост. Многу аџии во Етиопија патуваат во Лалибела за Божиќ – со автомобил или дури и пеш. На уништените патишта, патувањето понекогаш трае со денови, но тие се трајни затоа што претстојат два важни празници за етиопските православни христијани. Божиќ на 7 јануари и крштевањето на Исус Христос, или Богојавление, на 19 јануари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста