Божиновски: Денеска е многу тешко да дадеш ветување а да не го исполниш

Со помош на модерните медиуми, денеска е многу лесно да се провери дали некој за нешто излажал, кажал едно а тврди друго, или дал лажно ветување, вели аналитичарот Владимир Божиновски во денешното годтување во Отворено на Алфа, по повод почетокот на претседателските избори.  Тој направи споредба со тоа што значи лажно ветување, нешто што според него не смее да биде практика на оние кои бараат глас од граѓаните без разлика дали се парламентарни, претседателски или локални избори.

Во декември 2016 година, тогашниот лидер на опозицијата а сегашен премииер изјави дека кога тие ќе дојдат на власт опозицијата ќе го бира Јавниот обвинител. Во јуни или јули 2017 година рече дека да, опозицијата ќе го бира Јавниот обвинител, но по две години. Поминаа и тие дцве години и последната изјава сега е: Кој сум јас или Мицкоски за да го бирам Јавниот обвинител? Ако вие сметатте дека нешто треба да биде така, бидејќи сте политичар и луѓето треба да веруваат дека кога ќе ви го дадат гласот дека вие ќе го исполните она што го ветувате, смета Божиновски.

Додава дека е јасно оти се не може да биде исполнето, но дека основата врз која ја барате поддршката мора да биде испорачана.