Блокада на системот на катастар, граѓаните вријат: со денови не можат да извадат итно потребни документи

Хаос во скопскиот Катастар. Нервозни граѓани со часови чекаат и не можат да завршат работа. Кога пристигна екипата на Алфа, метежот веќе беше подрасчистен откако голем дел од нив се откажале од чекањето зашто им рекле дека системот воопшто не работи. Некои од нив се упорни и по неколку пати во текот на денот доаѓале за да проверат дали системот проработил.

Вработените внатре пред нашата камера не сакаа да зборуваат, но не убедуваа дека се на пауза и дека немало никаков проблем. Луѓето со друга приказна излегуваа однатре.

И официјално се обративме до Катастар, што е проблемот и зошто има толкав метеж но засега оттаму нема никаков одговор.

На некои граѓани буквално им зависи животното прашање за домување од катастарските услуги, и не смеат да си дозволат луксуз да не извадат итно потребен документ.

Бојана Златкова