НАЈНОВИ ВЕСТИ

Блеф или срам: Резолуцијата која ја најави СДСМ, се уште не е доставена во Собранието, а требаше да биде пратена до вчера

Резолуцијата за Илинден се уште ја нема во Собранието. Иако од СДСМ најавија дека ќе ја испрателе до вторник, во законодавниот дом не е пристигната ниту во среда, а не се ни знае кога ќе дојде пред пратениците. Партискиот портпарол Дарко Каевски, кој најави дека до вчера ќе била пратена во Собранието, сега незнаеше кога СДСМ ќе реши да ја прати.

-Не знам кога ќе биде испратена. Ќе свикам прес конференција, ќе ве информирам кога ќе ја испратимe, изјави Каевски за Алфа.

Инакуи воопшто не се ни знае што оваа резолуција ќе содржи, а и која е потребата од нејзиното носење, ако се знае дека власт со прифаќањето на Францускиот предлог, веќе ја погази резолуцијата за преговорите со Бугарија изгласана од Собранието во 2021-ва година.

За оваа најава од СДСМ реагираа и дел од историчарите. Митко Панов за Алфа ова може да отвори нови историски проблеми кои имаат фундаментално значење за македонската историја, имајќи ги во предвид бугарските условувања.

-Резолуцијата е против одговор за она што се случуваше деновиве во бугарскиот Парламент ја потврдува погрешната политика и концепт на заедничката историја произлезена од пријателскиот договор за добрососедство со Бугарија, а кој треба да го легитимира Комисијата за историски прашања. Комисијата која меѓу другото треба да го брани овој политички концепт. Дали иницирањето е признане дека и во иднидна би се отвориле нови историски проблеми кои имаат фундаментано значење за историјата на Македонија, со внесувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ имајќи ги во предвид билатералните пртоколи и условувањата, вели Панов.

На иста линија е и професорката Наташа Котлар Трајкова. Таа вели дека потегот на владејачката СДСМ е чист популизам, но и не познавање на нашата историја.

-Фактички тоа значи две работи, колку не ја знаат македонската историја и македонската колективна меморија. Друго тоа значи и дека се заплеткаа во потпишувањето на договорот со Бугарија, односно шест од 2017-та година. Фактички тоа значи дека и тие не знаат како да се справат со формулацијата заедничка историја. Ако толку многу сакале да носат резолуција, тогаш требало да донесат резолуција како да се поништи таа несреќна формулација заедничка историја, вели Котлар Трајкова.

Во пресрет на втори август, партијата на Кирил Петков во бугарскиот парламент поднесе декларација за Илинденското востание. Пратеникот на Преродбата Продолжува, Христо Даскалов, во своето обраќање дури не ги ни спомена Македонците дека биле дел од востанието пред 120 години. По ова, СДСМ најавија дека ќе достават резолуција во Собранието.

Матеја Петровски