Битолскиот гинеколог подготвен да одговара за административна грешка, но не и за лекарска грешка

Гинекологот Д-р Михајло Вангелов, за кој по увидот во битолската клиничка болница државниот и санитарен инспекторат, соопшти дека ќе биде поднесена прекршочна мерка, со писмена изјава се обрати до новинарите. Вангелов вели – кај мене нема докажана лекарска грешка. Инспекторите најдоа само административна грешка, односно непополнување на историјата, за што, подготвен сум соодветно да одговарам. Тоа што беше пуштена информација за некаква таблета е дело на некој што сака да ми наштети. Најодговорно тврдам дека не е вистина, вели д-р Вангелов. – Што се случувало за време на раѓањето, најдобро знаат дежурните лекари и родилката.. Затоа си има стручна комисија и за тоа не сакам да коментирам“, изјави д-р Вангелов.

Advertisements