НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Бистра вода“, крими-драмата која ги урна сите рекорди на гледност, ја завршува својата приказна

Првата македонска крими – драма која ги урна сите рекорди на гледаност ја завршува својата приказна. Сагата за семејствата Пандоспанџиеви и Гаврилски, за интригите, бизнисите но и мистичните елементи поврзани со македонската историја која се развиваше повеќе од три месеци, ја добива конечната разврска во последната 19-та епизода која се емитува вечерва – дали конечно ќе се разбистри водата?

Лично сум задоволен и како автор но и како директор на Алфа, вели режисерот Јани Бојџи кој додава дека има две причини кои го прават горд – позитивните коментари за серијата, но и зголемениот вкупен рејтинг на телевизијата.

Луѓе со разни идеи им ја полнат главата на Македонците, дека не ги бива и дека нешто не можат да направат сами, вели Јани Бојаџи и додава дека со „Бистра вода“ се докажало дека може да се прикажат и македонските цивилизациски вредности и достигнувања.

„Докажавме дека ние како телевизија, но и ние како народ сме подготвени да создаваме сопствена продукција, да создаваме сопствени дела, на македонски јазик, произведена во Македонија, од македонци, за македонци и ги надминавме оние стереотипи“ – Истакна Бојаџи.

Телевизијата со ова направи пионерски чекор, самостојно без помош од никого, успешно ја сними и спакува првата играно – криминалистичка серија. Ова не е успех само за Алфа, туку и за Македонија, смета Бојаџи.

„Она што мене ми е лично драго како човек и како автор, е тоа што со огромно внимани се следи оној дел кој што не е само мелодрама, не само семејната приказна, семејството Пандоспанџиеви, туку и оној дел кој има општествена и социјална тежина. Политичките проблеми за кои зборува серијата, мистичното ниво, езотерија, еден дел е историска приказна, еден дел е и фикција“ – вели Бојаџи.

За новата сезона телевизија Алфа подговотвува нешто сосема ново – прва македонска сапуница од жанрот мелодрама. Веќе се напишани првите 15-на сценарија, а до крајот на летото ќе бидат готови 50-на.

„Во меѓувреме ќе го започнеме оној предпродукциски период на собирање на средства, рекламодаватели, огласувачи, затоа што нашата телевизија не може да смета на никакви средства од државата, за жал, државата за нас е макеја.“ – отрива Бојаџи.

Замислата е оваа телевизиска сапуница да се емитува секој работен ден, од понеделник до петок. Оваа серија е сам дел од новитетите кои ги подготвува Алфа за новата телевизиска сезона.

Никола Цветковски