Бизнис со струја – по синовите на Заев и Ахемти и сопругата на Ковачевски и таткото на Бочварски основа фирма
Бизнисот со струја најатрактивен за политичарите и нивните семејства. По Заеви, Ковачевски и Ахмети со производство на струја ќе се занимава и таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Венцислав Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на елекрична енергија Техно Енерџи, објавува порталот Фактор. Сопственик на новата фирма е Техноинвест Штип , која се наоѓа на истата адреса каде живее Венцислав Бочварски , таткото на Благој Бочварски. Основна дејност на Техноинвест е специјализирани градежни работи, според податоците во Централен регистар, а изгледа дека семејството сега влегува во нови дејности.
Фирмата поднела барање за основање на 10 јануари, и за сега не е познато на кој начин ќе произведува електрична енергија, но најпримамлив бизнис во последно време се обновливите извори на енергија.
Во сред економска и енергетска криза цените на берзите за слободен пазар рушеа рекорди, што ги направија атрактивни за голем број инвеститорти , а по се изгледа е доста примамлив за македонските политичари од актуелната власт.
Пред таткото на Бочварски, во бизнисот влезе синот на лидерот на ДУИ , Али Ахмети, Шкумбин Ахмети кој е споственик на фирма за производство, трговија и услуги со седиште во Зајас.
Високо исплатливиот бизнис стана интересен и за сопругата на Премиерот Ковачевски која стана дел од секторот и сака да гради соларна електрана во Радовиш. Сопругата на Премиерот влегла во бизнисот со струја преку косопствеништво со комапнијата „ Сол груп 5 ДОО Скопје, ама ова немало врска со нејзиниот сопруг , зашто инвестирала нејзини сопствени средства.
Тоа е нејзина инвестиција која што ја има направено со сопствени средства“ – одговори Ковачевски, на 13.12.2022
И семејството на претходникот на Ковачевски се интересира за производство на струја. Синот на поранешниот Премиер Зоран Заев, Душко Заев тргна по стапките на кумашинката, чичкото и неговиот татко па влезе во бизнисот. Душко Заев, само што наполна 18 години стана сопственик на компанијата Тотал Енерџи за производство на електрична енергија, а Зоран Заев ја потврди информацијата дека син му ќе продава струја од фотонапонски централи.
Кристина Алексиеска