});

Бизнис потег или политички дил? Грчката опозиција го бара на уви договорот за ЕДС на Анѓушев

Бизнис потег или политички дил? Грчката опозиција го бара на увид  купопродажниот договор за ЕДС на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Власта на Ципрас е под притисок да го објави документот кој  државната ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) го склучи со ЕДС на само два месеца пред потпишувањето на Договорот од Преспа. Се бараат одговори како и зошто е направена зделката со ЕДС која според финансискиот извештај имала негативни резултати во работењето. Грчки Скај кој ја пишува целата приказна објави и документи, кои покажуваат дека ЕДС работела со загуби и со минимален пазарен удел:

„Компанијата на заменик-премиерот и близок пријател на Заев, Кочо Анѓушев… иако има огромни загуби за 2017 година, ППЦ ја купува два месеца пред Преспанскиот договор во износ од 4,8 милиони евра“, пишува грчки Скај.

Како што пишува Скај, секретарот за енергетика, Јоргос Статакис, изјавил дека преземањето е одобрено од страна на Генералното собрание на акционери. До администрацијата на грчкодо државно електростопанство  било испратено и барање за транспарентност на кое се уште не е одговорено, бидејќи, според текстот на Скај, парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел ЕДС.

Анѓушев ја склучи зделката со Грците на 25 април, по огромните критики во јавноста дека ја користел компанијата за добивање државни тендери, како што беше случајот со тендерот кој го доби па го раскина со државната МЕПСО.  Тогаш тој изјави дека компанијата ја продава за во иднина, како вицепремиер, да избегнувал судир на интереси во нејзиното работење:

-“Мислам дека денеска сите ќе се срамат  кои од овој настан сакаа да направат политички проблем, кои импутираа одредени дејствија врзани со актуелните политички состојби, дека никогаш повеќе во македонија не нсмее да се меша приватниот бизнис и политиката, дека ова треба да го заборавиме времето кога приватните зделки ќе се мешаат со политиката.“ – изјави Анѓушев.

Потегот, кој според вицепремиерот беше направен да се избегне судир на интереси во Македонија, предизвика токму таков сомнеж во Грција.