Бизнис крал во Струмица: Колку бизниси има Зоран Заев во неговиот град?!

Бизнис крал во својот град, но со бизниси и во соседна Бугарија, со која го потпиша договорот за добрососедство. Поврзаноста на Зоран Заев и неговата Струмица е многу повеќе од обично живеење во овој град. Како што велат дел од струмичани во нивниот град се е на семејството на поранешниот премиер, сопственици се на цела бизнис империја, од најмлад до најстар. Најновиот газда меѓу Заеви е синот на Зоран Заев, чија фирма за производство на струја има канцеларии во строгиот центар на градот.

Тотал Енерџи, според информациите фирмата на најмладиот бизнисмен од фамилијата Заеви, Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев. Сепак, иако 14 часот и 50 минути, тука во канцеларијата нема никого.

Тотал го има и во името на уште фирма на семејството на поранешниот премир, оваа другата се занимава со градежништво.

Тотал ама не Енерџи, Тотал Инженеринг во сопственост на семејството Заеви, поточно на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев. Компанија која тука во Струмица има изградено цела станбена населба, а како што можеме да видиме зад нас има и градежни активности и се градат нови згради во овој град.

Тотал Инженеринг не е единствената градежна фирма на Заеви, на име на првиот братучед на поранешниот премиер е и Еленица.

Бизнис империјата на семејството Заеви, не е само во центарот на Струмица, таа е и на периферијата на овој град. Тука е фабриката Еленица, за која што поранешниот премиер гордо кажува дека е во сопственост на неговото семејство, односно дел од оној семеен бизнис на Заеви. Сопственик на оваа фабрика е Трајче Заев, прв братучед на Зоран Заев.

Семејството Заеви шефува и во угостителскиот сектор, во нивна сопственост е еден од најлуксузните ресторани во Струмица.

Од она што го знаат струмичани еден дел од бизнис империјата на Заеви е тука зад мене, тоа е ресторанот Вила Парк, каде како што можевме да забележиме минатиов период, Зоран Заев според шпекулациите во јавноста договораше голем број политички договори со своите коалициони партнери.

Поврзаност со Заеви има и Трговскиот центар Глобал, за кој Заев пред 15 години доби аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенкоски. Токму таму канцеларии имаат дел од фирмите на семејството на поранешниот премиер, а меѓу нив и Сара Јавор, каде сопственик е Вице Заев.

Трговски центар Глобал, како што самиот Зоран Заев кажа најголемата гордост од неговото владеење тука во Струмица, каде што се канцелариите на дел од фирмите, односно бизнис империјата токму на семејството Заеви.

Дел од струмичани велат дека под бизнис империјата на Заеви е целиот град.

-Епа они се од времето богати.

-(Колку фирми има Заев во Струмица?) Еее цела Струмица… цела Струмица.

-Дуќаните и тоа марихуаната.

-Оу, Зоран Заев има многу. Фабрика има во Бугарија, тука има фабрика за керамиди, други работи, тој има многу претпријатија.

-Охо, половина Струмица.

-Има фирма која што откупува земјоделски производи, имаат фабрика за тули, некои такви бизниси, а конкретно друго што имаат не знам, штедилница мислам дека има на неговото семејство.

Бизнисите на семејството Заеви не се само во Струмица и Македонија, според информациите тие имаат фирми и во соседна Бугарија. Опозицијата пред четири години објави дека сопственици на трите фирми Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд се Трајче Заев и Радиша Бојовиќ, зет на поранешниот премиер.

Новинар: Матеја Петровски

Снимател: Дејан Младеновски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста