Бизнисот регира: Гарантираната цена е популистичко решение со краток ефект

Мерките на Владата за борба со инфлацијата се само популистички и нема да донесат резултат на долг рок .  Ограничувањето на пазарот не е одлика на пазарната економија и нема да помогне да се стабилизираат цените .  Од Стопанските комори предупредуваат дека по престанокот на важење на мерката за замрзнати цени, ќе се вратат на старо . Наместо да се влијае на ваков начин, Владата треба да размисли како да го поттикне домашното производство и да ги поддржи производителите на суровини.

Инфлацијата е како резултат на нарушување на пазарни текови , и мислењето дека ако времено се регулираат некои пазарни текови  ќе се доведе до регулирање на инфлацијата е погрешна мерка . Цените не можат да се регулираат со вакви мерки на пазарот . На долг рок би требало да се преземат мерки за заживување на македонското стопанство , за субвенционирање на оние суровински основи за македонското стопанство како што се земјоделието , основните призводители на суровини кои ќе ги стабилизираат . Работна сила која ќе биде пристапна на пазарот, суровини и материјали . Најлесно е да увезете , најтешко да произведете , ќе бара многу сили и средства која ќе бара многу знаење , вели Ромео Костадиновски потпретседател на сојуз на стопански комори .

Бизнисот е согласен дека во пазарна економија каква што е македонската треба да функционира слободниот пазар , а честото носење на мерки кои го попречуваат не помага  .  Владата треба да размислува на долг рок , една од препораките на Стопанската комора на северозападна Македонија е намалување на даночните стапки за одредени производи .  И од таму се согласни дека треба да се развива домашното производство

Треба да функционира слободниот пазар , бидејќи ние сме пазарна економија и не треба да има интервенции како што има изминатите две години . Сметам дека честата интервенција не помага, туку што ние како комора даваме како препорака е  да се даваат иницијативи како што се намалување на даночните стапки или пак на царинските стапки кои ние ги увезуваме , бидејќи ние сме увозно зависна држава. Инфлацијата треба да се бориме со поддршка кон компаниите , намалување на даночните стапки за одредени производи, вели Дурим Зекири , Извршен директор на стопанска комора на северозападна Македонија

Владата во обид да ја заузда инфлацијата изминатите две години игра топло – ладно со бизнисот и компаниите , но никако да го најде рецептот за да ја смири инфлацијата . Инаку според официјална  статистика инфлацијата во август е 8.3 отсто.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста